Спорт

Шпанија и Словенија во полуфиналето на Евробаскет

Денеска се одиграа првите четврт-финални натпревари на Европското првенство во кошарка.

12.09.2017 23:38:54
Фаворизираната Шпанија долго време го кршеше отпорот на Германија, но по одличната игра во третиот период Црвената фурија успеа да обезбеди предност за конечен триумф од 84:72 и пласман во полуфиналето.

Во второто полуфинале Словенија ја совлада Летонија со 103:97 и ја продолжија триумфалната низа на шампионатот.

Утре во вторите четврт-финални дуели се среќаваат Русија - Грција и Германија - Шпанија.