Спорт

Барселона и се одмазди на Старата дама

Во фудбалската Лига на шампиони вечерва се играа првите дуели од А - Д сегментот

12.09.2017 23:32:47
Во најинтересниот дуел Барселона го совлада Јувентус со 3:0, а во вториот дуел од Д групата Спортинг Лисабон на нашиот Стефан Ристовски славеше како гостин над Олимпијакос со 3:2. 

Гостинска победа во А групата забележа и ЦСКА која со 2:1 ја совлада Бенфика додека Манчестер Јунајтед триумфираше над Базел со 3:0. 

Со истиот резултат Баерн го забележа победа на Андерлехт, а Пари Сен Жермен во Глазгов го декласираше Селтик со 5:0. 

Најубедливата победа на вечерта ја забележа Челзи совладувајќи го Карабах со 6:0, а единствениот дуел во кој мрежите мируваа го одиграа Рома и Атлетико Мадрид.