Спорт

Барсегјан: Можеме да играме против секој противник

Фудбалерите на Вардар в четврток на арената Филип Втори против Зенит го играат историскиот натпревар во фазата по групи во Лига Европа.

12.09.2017 23:28:49
"Низ досегашните натпревари во Европа, покажавме дека имаме добар тим и дека можеме да се носиме со секого. Особено на домашен терен каде што остваривме три победи во исто толку натпревари. Се надеваме дека таа серија ќе продолжи и против Зенит. Играме против многу силна екипа, но така беше и со Фенербахче, па ние победивме и на двата натпревари. Во Скопје заедно со нашата публика, можеме да направиме уште еден голем резултат", изјави Тигран Барсегјан за клупската веб страница

Мечот против Зенит се игра в четврток и почнува во 20 часот и 45 минути.