Црна хроника

Двајца рудари од Македонија загинаа во Србија

Двајца рудари од Македонија Зоран Петковски (48) од Крива Паланка и Тони Нанев (53) од Пробиштип настрадаа во рудникот Лече во околина на Медвеѓа, на југот од Србија.

12.09.2017 18:19:56
 Двајца рудари од Македонија Зоран Петковски (48) од Крива Паланка и Тони Нанев (53) од Пробиштип настрадаа  во рудникот Лече во околина на Медвеѓа, на југот од Србија. Беживотните тела на двајцата рудари кои работеле во рудникот се пронајдени сношти околу 23 часот. Нивните колеги за српските медиуми изјавиле дека несреќата се случила за време на минирање  во една од рударските окна. 

Двајцата рудари навреме не се повлекле што било причина за нивно задушување од гасовите во јамата што биле испуштени при минирањето. Додека други рудари тврдат дека нивните колеги од Македонија се задушиле по минирањето. Истрагата е во тек, а телата се дадени на обдукција.  

Смртта на двајцата рудари ја потврдија и од министерството за надворешни работи, од каде што информираат дека во тек е увид на Државниот рударски инспекторат во Србија, а извештајот ќе биде предаден на македонската амбасада во Белград.
Петковски и Нанев во српскиот рудник  работеле четири години.



Александра Ристевска