Балкан

Во Задар за два часа наврна речиси 190 литри дожд на метар квадратен

Обилните дождови во Задар утрово предизвикаа големи поплави во домовите и подрумите на жителите.

11.09.2017 12:13:21

Обилните дождови во Задар утрово предизвикаа големи поплави во домовите и подрумите на жителите. 

Метеоролошката станица Задар соопшти дека од 8.00 до 10.00 часот во градот наврнале околу 190 литри дожд на метар квадратен, што е двојно повеќе од просечните месечни врнежи од дожд (98 литри на метар квадратен). 

Поради силното невреме неколку училишта ја прекинаа наставата, а делови од Задар се без електрична енергија. 

Пожарникарите и работниците од локалниот водовод работат на терен. 

Невремето вчера ја зафати Истра, а денеска се прошири кон Задар. 

Причина за поројните дождови е голем облак што се „залепил“ за Велебит, а бидејќи нема ветер облакот е статичен, полн е со влага и од него врне дожд. 

- Моментно облакот е како „мала нуклеарка“, истакна шефот на Метеоролошката станица во Задар, Анџелко Видовиќ, додавајќи дека невремето ќе потрае до доцна попладнето.