Спорт

Надал и Андерсон во финалето на УС опен

Рафаел Надал и Кевин Андресон ќе играат во финалето на последниот Гренд слем турнир сезонава, Отвореното тениско првенство на САД.

09.09.2017 14:59:49
Надал со 3:1 по сетови 4:6, 6:0, 6:3 и 6:2 го елиминираше Хуан Мартин Дел Потро, а противник во финалето ќе му биде Јужно-африканцот Андресон, кој со истиот резултат триумфираше над Карено Буста од Шпанија.

Вечерва се игра финалето во женска конкуренција, а се среќаваат Медисон Кис и Слоун Стивенс.