Спорт

Вардар го пречекува Силекс на отворањето од 4. коло

Со натпреварот меѓу Вардар и Силекс се отвора четвртата рунда во домашниот фудбалски шампионат.

09.09.2017 14:53:38
За фудбалерите на Вардар ова е последна проверка на формата пред првиот настап во фазата по групи во Лига Европа. 

Тимот предводен од тренерот Чедомир Јаневски во пресрет на дуелот со Зенит ќе мора да ги освои бодовите во мечот против гостинот од Кратово, а натпреварот се игра на арената Филип Втори и почнува во 16 часот.

Останатите дуели се играат утре, а се среќаваат Пелистер - Скопје, Шкупи - Работнички, Шкендија - Победа и Академија Пандев - Ренова.