Спорт

Англичаните го скратија летниот преодниот рок

Најавеното скратување на преодниот рок во Англија се реализираше. Клубовите следната година ќе се засилуваат до почетокот на новата сезона.

07.09.2017 23:57:30
Клубовите во Англија постигнаа согласност за кратење на периодот во кој може да се ангажираат нови фудбалери во текот на летната пауза.

Според новата одлука летниот преоден рок во Англија ќе трае со деветти август односно до почетокот на новата сезона.

Гласањето беше тајно, а за прифаќање на предлогот беа потребни гласови од најмалку 14 до 20-те члена на Премиер лигата.

Преодниот рок во Европа трае до 31 август, но претседателот на УЕФА Чеферин најави дека идејата на клубовите од Англија е интересна и дека европската фудбалска асоцијација ќе ја разгледа можноста за скратување на периодот во кој тимовите може да ангажираат нови играчи.