Спорт

Червар: Со добра игра до бодови против Нексе

По триумфот на гостувањето против Динамо од Панчево, ракометарите на Металург во третиот настап во СЕХА лигата го пречекуваат Нексе.

07.09.2017 16:43:33
"Против Нексе секогаш сме играле тешки натпревари било да се играат во Скопје или Нашице. Мораме добро да се подготвиме за тој натпревар и тоа треба да посветиме посебно внимание на психолошки план, а се разбира и на физички. Нексе сезонава има одличен спој на младост и искуство. Тука се искусните играчи како што е Зрниќ, тука уште се Етер и Мрѓеновиќ, а во составот имаш уште неколку ракометари кои се потенцијални репрезентативци на Хрватска и Словенија. 

Очекувам тежок меч играат брз ракомет имаат одлична транзиција играат на многу контранапади  и се многу агресивни во одбраната. Кога ги гледаме резултатите и составот на играчите Нексе има мала предност, но нам ни е многу важно да играме добро, а тоа носи и добар резултат. Очекувам од моите играчи како што беа борбени на дуелот против Динамо така да продолжат и на овој натпревар со Нексе", истакна тренерот на Металург, Лино Червар.

Мечот против вицепрвакот на Хрватска се игра в недела во ВИП арената Борис Трајковски и почнува во 17 часот и 45 минути.