Спорт

Женската регионална лига без Подравка

Ракометниот клуб Подравка на една недела пред стартот дефинитивно го откажа настапот во женската регионална лига која сега ќе ја сочинуваат само три тима.

07.09.2017 16:28:42
Хрватскиот состав уште пред извесен период најавуваше дека ќе се повлече од регионалното натпреварување, но сега дефинитивно ја потврди одлуката и во пресрет на првиот турнир што ќе се одржи следната недела во Подгорица ќе играат три тима.

Вардар, Будуќност и Крим остануваат во конкуренција за трофејот во ова натпреварување, а првиот турнир се игра во Подгорица и според новиот распоред ќе се играат по три натпревари.

Првиот меч во црногорската престолнина се игра на 13 септември, а се среќаваат Будуќност и Вардар додека следниот ден нашиот првак  игра со Крим додека на 15 силите ќе ги одмерат Будуќност и Крим.

Сите натпревари почнуваат во 19 часот.