Спорт

Надал во полуфиналето на УС опен

Шпанецот Рафаел Надал е третиот полуфиналист на последниот Гренд слем тениски турнир годинава.

07.09.2017 00:02:36
Надал во три сета со 6:1, 6:2 и 6:2 забележа победа во мечот против Русинот, Андреј Рублев. За Надал ова е 13-ти настап на УС опен и по шести пат во кариерата успеа да се пласира во полуфиналето. Шпнаецот во Њујорк има и два триумфи и тоа во 2010 и 2013 година.

Противник на Надал во полуфиналето ќе му биде победникот од мечот Роџер Федерер - Хуан Мартин Дел Потро.

Пласман во полуфиналето веќе обезбедија Кевин Андерсон од Јужна Африка и неговиот сонародник Пабло Карено Буста.