Спорт

Вардар го засили нападот

Во пресрет на дебитантската сезона во Лигата на Европа, македонскиот шампион Вардар го засили нападот.

31.08.2017 19:09:02
Станува збор за Максим Максимов, 21 годишен руски интернационалец кој со црвено црните потпиша три годишен договор.

Максимов на Вардар му се приклучува од Тракаи за кои оваа сезона во квалификациите за Лигата на Европа постигна седум погодоци демонстрирајќи ги своите голгетерски способности.