Македонија

Османи очекува брзо гласање на законот за јазици

Правниците предупредуваат дека најавениот предлог-закон за јазиците е спротивен на Уставот на РМ, односно на Амандман 5. Според професорката Тања Каракамишева, предлог-законот нема издржан уставен основ врз кој е подготвен и не смее да влезе во поста

30.08.2017 17:25:59
Контроверзниот закон за употребата на јазиците за десетина дена пред пратениците. Владата го доставила предлогот до Собрание и најверојатно истиот ќе се најде на дневен ред на седница на 13-ти септември, информира вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи. Според него законот треба да биде изгласан брзо, бидејќи бил со европско знаменце, но и од интерес за сите.

Правниците предупредуваат дека најавениот предлог-закон за јазиците е спротивен на Уставот на РМ, односно на Амандман 5. Според професорката Тања Каракамишева, предлог-законот нема издржан уставен основ врз кој е подготвен и не смее да влезе во постапка на негово донесување.

Каракамишева вели дека Деловникот на Собранието се изигрува за партиски потреби. Со ставање европско знаменце на предлог-закон што воопшто нема допирна точка со правото на ЕУ, со ниту една директива од ЕУ, ниту пак истиот е дел од обврските што РМ ги има преземено кон ЕУ.

Изедначувањето на македонскиот со албанскиот јазик се случува уште во член 1 од предлог-законот каде покрај македонскиот јазик се наведува и албанскиот јазик како втор службен јазик на територија на цела држава. Од друга страна, Амандманот 5 никаде не зборува за обврски, за должности во однос на примената на албанскиот јазик, ама затоа Законот прецизно утврдува службена должност за негова примена, вели Каракамишева.

Ивана Соколовиќ Најдова