Култура

Отворање на 74-от меѓународен Венецијански филмски фестивал

На островот Лидо во Венеција вечерва започнува 74-то издание на најстариот филмски фестивал во светот, Венецијанскиот филмски фестивал, којшто ќе трае од 30 август до 9 септември.

30.08.2017 12:48:31

На островот Лидо во Венеција вечерва започнува 74-то издание на најстариот филмски фестивал во светот, Венецијанскиот филмски фестивал, којшто ќе трае од 30 август до 9 септември.

Претседател на жирито годинава е американската глумица Анет Бенинг. Главната програма вклучува 21 филм, а фестивалот ќе го отвори остварувањето на американскиот режисер Александар Пејн, „Downsizing". Се работи за научнофантастична приказна, во којашто главните ликови ги толкуваат Мет Дејмон и Кристин Виг.

Како последен пак, ќе биде прикажан јапонскиот филм на режисерот Такеши Китано, третиот дел  од трилогијата „Outrage".

По црвениот тепих ќе зачекорат и ѕвезди како Џулиен Мур, Џенифер Лоренс, Мишел Фајфер, Џорџ Клуни, Итан Хоук...

Почесните награди „Златен лав" за особен придонос во фимската уметност, на 1 септември ќе отидат кај американските филмски ветерани Роберт Редфорд и Џејн Фонда.