Црна хроника

Стружанец ја пронашол својата седуммесечна ќерка почината

Во семејниот дом во Струга, М.К. вчера ја пронашол својата седуммесечна ќерка без знаци за живот, по што пријавил во Полициската станица-Струга.

28.08.2017 14:09:18

 Во семејниот дом во Струга, М.К. вчера  ја пронашол својата седуммесечна ќерка без знаци за живот, по што пријавил во Полициската станица-Струга.

МВР соопшти дека М.К. се обидел да даде вештачко дишење, а потоа со такси возило го однел детето во Детското одделение при Јавната здравствена установа-Струга, каде дежурните лекари констатирале смрт.

Од извршениот надворешен преглед над телото на починатото бебе не биле констатирани траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатото дете е предадено на семејството за погреб.