Црна хроника

Еден загинат и еден тешко повреден во сообраќајка кај Злеово

Едно лице загина, а едно е тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска 45 минути по полноќ на локалниот пат од с.Злеово кон магистралниот пат Радовиш-Струмица.

26.08.2017 12:48:27

 Едно лице загина, а едно е тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска 45 минути по полноќ на локалниот пат од с.Злеово кон магистралниот пат Радовиш-Струмица.

МВР соопшти дека патничко возило „Рено-еспејс“ со струмички регистерски ознаки управувано од П.П. (29), излетало од патот при што на самото место починал сопатникот Т.В. (23), а со тешки телесни повреди се здобил Д.С. (19) и двајцата од с.Владевци-струмичко, кој по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар-Струмица бил пренесен во Ургентниот Центар-Скопје.

Возачот П.П. исто така од с. Владевци, по сообраќајката го напуштил местото на настанот. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ПС-Радовиш, а телото на починатиот е дадено на обдукција.

МВР презема мерки за пронаоѓање на возачот на возилото и за целосно расчистување на случајот.