Економија

Се враќа евтината тарифа на струјата – за аналитичарите мерката ќе ги зголеми трошоците во буџетот

На сила останува и досегашната пракса евтина струја да има од 22 навечер до 7 часот наутро и 24 часа во недела.

24.08.2017 18:01:07
Од октомври се враќа евтината дневна струја – два часа односно од 14 до 16 часот од понеделник до сабота. На сила останува и досегашната пракса евтина струја да има од 22 навечер до 7 часот наутро и 24 часа во недела. Преку оваа мерка, смета премиерот Зоран Заев, 8 милиони евра годишно ќе се враќаат пред, се кај посиромашните граѓани, кои според него, најмногу ја користат оваа тарифа. Парите, тврдат од Владата ќе се обезбедат со домаќинско работење, односно преку намалување на непродуктивните трошоци на енергетските компании ЕЛЕМ и МЕПСО. 

ЕВН Македонија иако ќе работи со намален приход, нема да добива субвенции од државата – вели вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Тој тврди дека враќањето на дневната евтина тарифа нема да повлече поскапување на струјата, дури и по целосна либерализација на пазарот на електрична енергија.   

Колку оваа мерка ќе придонесе за намалување на сметките на граѓаните ќе зависи од нив, односно дали и колку големите потрошувачи на електрична енергија ќе ги користат на евтина тарифа.

Од друга страна, аналитичарите за Алфа велат дека воведувањето на евтината дневна тарифа е само популистичка мерка. Тврдат дека тоа ќе ги зголеми трошоците во буџетот, односно индиректно ќе падне врз грбот на граѓаните. 

Аналитичарите препорачуваат наместо евтина тарифа, да се продолжи одреден период проектот за субвенционирање на сметките за струја на социјално загрозените жители. 
 

НЕФЕР ПРОФИТ

Од: Лаброски Миха

Време: 24.08.2017 20:46:53

Коментар: ТЕМА: ДЕНЕС Е ОБЈАВЕНА ОДЛУКА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ЕФТИНАТА ДНЕВНА ТАРИФА ЗА ПОТРОШУВАЧИТЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА. Потпретседателот на Владата изјави дека заради тоа, заради враќањето на ефтината дневна тарифа операторите ќе претрпеле значителни загуби (8 милиони евра) и дека за тие загуби немало да добијат субвенции од Владата. Тоа дека операторите ќе претрпеле загуби заради оваа мерка Е ЧИСТА НЕВИСТИНА заради следното: Кога Регулаторната комисија ја укинувала дневната ефтина тарифа во 2012 година требало и длжна била да го намали процентот за ангажирана моќност од 33,33% на пример на 25%. Тоа нешто било неопходно затоа што во тој процент (33,33%) се вкалкулирани и загубите заради шпицовите во потрошувачката во 13 и 16 часот. Значи Регулаторна во 2012 со укинувањето на дневната ефтина тарифа ги измазнила шпицовите во 13 и 16 часот и со тоа го намалила губитокот на операторите. Регулаторната комисија со укинувањето на дневната ефтина тарифа не го намалила процентот за ангажирана моќност туку го оставила на 33,33%. Со тоа на операторите им овозможила НЕФЕР ПРОФИТ на сметка на гарѓаните. Тоа значи дека потпретседателот на Владата на РМ не е во право, односно операторите само ќе го изгубат НЕФЕР ПРОФИТОТ кој го стекнале со укинувањето на дневната евтина тарифа.