Црна хроника

Црна статистика – јули најопасен во сообраќајот

Најверојатно јули ќе остане запаметен како најцрн месец годинава. По патиштата во источниот дел од државата само минатиот месец загинале единаесет лица.

22.08.2017 17:55:56
Најверојатно јули ќе остане запаметен како најцрн месец годинава. По патиштата во источниот дел од државата само минатиот месец загинале единаесет лица. Црната точка на регионалниот пат Штип - Радовиш вчера ги зеде првите жртви годинава. Брзајќи кон своето работно место загинаа двајца градежни работници од Кривопаланечко.

 Од јануари до сега низ источниот дел од државата 18 лица ги загубиле животите. Желбата што поскоро да се стигне до посакуваната дестинација, уморот но и алкохолот се најчестите причини за сообраќајни несреќи.

Во првитре шест месеци во Источна Македонија загинале шест лица. Бројките непроменети остануваат и во 2016. За разлика од изминатите две години, во 2015 година од јуни до јули на подрачјето на свр Штип во сообраќајни несреќи животот го изгубиле три лица.

Александра Ристевска