Спорт

Ван Перси подговен за дуелот со Вардар

Повредата на Робин Ван Перси е минато и тој ќе го предводи нападот на Фенербахче на реванш средбата со Вардар.

21.08.2017 18:17:27
Потврдата за тоа е вчерашниот настап на дуелот со Трабзонспор во турската лига, на кој и покрај тоа што не постигна погодок на истиот ги одигра првите 45 минути.

Со тоа тренерот на Фенербахче, Кочман, ќе има сериозно засилување во обидот да ја надополни негативата од 2:0 по дуелот на Националната арена Филип Втори, што може да значи и дополнителни проблеми за нашиот шампион.