Црна хроника

Сообраќајка кај Штип: двајца починати, двајца повредени

Двајца мртви и двајца потешко повредени е билансот од сообракајната несрека што рано утринава се случи на регионалната делница Штип-Радовиш,кај село Лакавица.

21.08.2017 18:06:31
Двајца мртви и двајца потешко повредени е  билансот од сообракајната несрека што рано утринава се случи на регионалната делница Штип-Радовиш,кај село Лакавица. Околу 6.40минути кога од засега непознати причини патничко возило Фолцфаген-Шаран во кое се превезувале четворица градежни работници излетало од патот,удрил во брегот и се превртело.Патниците во автомобилот биле од Кривопаланечко и работеле на градежен објект во Струмица
   Изјава-гордана панајотова-портпарол свр-штип
41годишниот возач на шаранот е задржан во штипската болница, а 55годишниот сопатник со скршеници на ребрата е транспортиран на клиниките во Скопје
Излезот од штипското село Лакавица е позната црна точка на оваа делница.Патот е тесен, кривината  лоша,.а возачите често пати не ја почитуваат патната сигнализација,коментираат мештаните кои бараат почести полициски контроли.
   Анкета
Телата на починатите се дадени на обдукција,извршен е увид на лице место,по што ке се утврдуваат причините за несреката.инаку од јануари до сега на оваа делница се регистрирани девет сообракајни несреки без жртви. 


Александра Ристевска