Црна хроника

Прегазена жена во Дебар маало

Жена загина денеска во скопската населба Дебар маало откако со теренско моторно возило беше прегазена на улицата „Антоние Грубишиќ“.

17.08.2017 12:53:50

Жена загина денеска во скопската населба Дебар маало откако со теренско моторно возило беше прегазена на улицата „Антоние Грубишиќ“.

Како што информира МВР, несреќата се случила денеска околу 8:50 часот, кога теренско моторно возило управувано од Т.Н. (1972) од скопската населба Илинден, враќајки се назад, удрило во жената и ја прегазило со задните тркала. 

Жената починала на самото место. Увидот на несреќата е во тек.