Спорт

Севиља гостува во Турција

Вечерва се играат пет натпревари од разигрувањето за пласман во Лигата на шампионите.

16.08.2017 17:40:54
Башакшехир ја пречекува Севиља, Селтик игра со Астана, а во останатите мечеви се среќаваат Напоел Бер Шева - Марибор, Наполи - Ница и Олимпијакос - Ријека. 

Вчера Ливерпул како гостин го совлада Хофенхајм со 2:1, пред пред ревашот на домашен терен обезбеди и московска ЦСКА по победата од 1:0 над Јанг Бојс, АПОЕЛ славеше над Славија Прага со 2:0, Карабаг беше поуспешен од Копенхаген забележувајќи победа од 1:0 додека без голови заврши дуелот Спортинг Лисабон - Стеауа.