Црна хроника

Параглајдерист од Швајцарија загина во прилепско

Седумдесетгодишен параглајдерист од Швајцарија вчера околу 15 часот загинал во атарот на прилепското село Мажучиште.

16.08.2017 12:40:50

 Седумдесетгодишен параглајдерист од Швајцарија вчера околу 15 часот загинал во атарот на прилепското село Мажучиште.

Како што е наведено во полицискиот билтен, параглајдеристот Д.В.А.Х. од Швајцарија од засега непознати причини, паднал и починал на лице место.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено за обдукција.