Спорт

Јаневски доаѓа на чело на Вардар

Само неколку часа по оставката на Гоце Седлоски, раководството на Вардар успеа да најде нов тренер.

15.08.2017 17:37:03
Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација и легенда на "црвено црните", Чеде Јаневски ќе ја преземе тренерската функција во Вардар и на клупата ќе го наследи Гоце Седлоски, кој денеска си поднесе оставка.

Јаневски веќе допатува во Скопје и се очекува утре тој и официјално да биде промовиран во нов предводник на македонскиот првак.

Според најавите Јаневски на новата функција ќе дебитира во домашното првенство, а на мечот против Фенербахче в четврток екипата ќе ја води досегашниот помошник на Седлоски, Александар Васовски иако постои можност новиот тренер веднаш да седне на клупата на Вардар.