Свет

40 загинати во поплавите во Непал

Најмалку 40 лица загинаа, а 12 се исчезнати во лизгање на земјиштето и поплавите предизвикани од монсунските дождови во Непал.

13.08.2017 13:30:13
Најмалку 40 лица загинаа, а 12 се исчезнати во лизгање на земјиштето и поплавите предизвикани од монсунските дождови во Непал. Во националниот парк Читван поради поплавите хотелите ги преместиле гостите на повисоките катови, а туристите сместени во еден од нив со слонови биле однесени до блискиот пат за да можат да стигнат до главниот град на земјата – Катманду. Силниот дожд, кој главно ги погоди јужните рамнини во земјата, доведе до евакуација на 5.000 лица. На истокот на Непал бил затворен аеродромот во Биратнагару, кој бил еден метар под вода. Оваа година во Непал како последица на монсунските дождови загинаа повеќе од 100 лица.