Балкан

Шојгу очекува поголема воена соработка со Србија

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, по сотанокот со српскиот министер за одбрана Александар Вулин во Москва, изјави дека очекува поголема воена и воено-техничка соработка со Србија.

13.08.2017 12:23:19

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, по сотанокот со српскиот министер за одбрана Александар Вулин во Москва, изјави дека очекува поголема воена и воено-техничка соработка со Србија, јави ТАСС. 

- Се надевам дека динамиката што ја имаме во воената и воено-техничката соработка не само што ќе остане сочувана, туку и ќе биде зголемена, нагласи Шојгу. 

- Тоа ,секако, се однесува на воената соработка, заедничките вежби, како и на размената на делегации, не само на ниво на висока команда, туку и на ниво на средна и ниска, прецизираше Шојгу. 

Шојгу и Вулин присутвуваа на полигонот во Алабин, во близина на Москва, на финалната трка на тенковскиот баталјон, каде победи руската екипа, а Србија го зазема шетото место.