Спорт

Кошаркарите конечно победија и останаа во трката за второто место

Кошаркарската репрезентација го совлада Косово со 87:74 и ги задржа шансите за пласман во квалификациите за настап на Светското првенство.

12.08.2017 23:57:07
По лошото прво полувреме нашите кошаркари отпорот на противникот го скршија во продолжението од мечот и тоа на стартот од третата четвртина кога успеавме да поведеме со 10 поени разлика и веќе до крајот на мечот гостите не успеаа посериозно да ја загрозат нашата предност.

Прв стрелец во нашиот тим со 24 поени беше Џордан Теодор, Александар Костоски беше стрелец на 16 додека Војдан Стојановски постигна 14.

Со оваа победа ги задржавме шансите за пласман во следната фаза од квалификациите, но за да бидеме сигурно втори потребно ни е да ја совладаме Естонија или пак нашиот следен противник да слави во последното коло на гостувањето во Приштина.

Во следното коло од претквалификациите за Светскиот шампионат се соочуваме со Естонија.