Македонија

Проблеми со смет, вода, загаден воздух -Тетово станува се позапуштено

Градежен шут, мебел, бела техника, коски од животни.Контејнерите во градот стануваат мини депонии,се фрла сешто, никој не се казнува,а од смрдеата не се дише.

12.08.2017 17:19:45
Градежен шут, мебел, бела техника, коски од животни.Контејнерите во градот стануваат мини депонии,се фрла сешто, никој не се казнува,а од смрдеата не се дише.Тетово се чини никогаш не било толку запуштено и нечисто.
 Градот под Шара полека го губи епитетот чист град. Тетово нажалост,последниве години е на врвот на листата најзагадени земји во светот.

Тетовци велат дека ова е срам за локалните власти.Со проблеми со сметот, недоволно вода за пиење,загаден воздух-животот во градот никогаш не бил потежок.

Поради сметот, особено оној наталожен на дивата депонија, која деновиве се потпалува, но и од енормно зголемениот сообраќај, периодов после подолго време е забалежано и зголемување на аерозагадувањето.Индексот на ПМ 10 честичките скокна десетпати над максимално дозволената граница.


Милена Вучевска