Спорт

Ајдарски победник на олимпискиот маратон во Охрид

Бугаринот Венцислав Ајдарски триумфираше во трката на 10 километри што денеска се одржа во Охрид.

12.08.2017 16:16:32
Ајдарски на целта пристигна со време од 1 час 54 минути и 48 секунди и триумфираше пред Марсел Шутен од Холандија и Македонецот, Александар Илиески. Кај дамите најбрза беше Василики Кадоглу, а втора е Тјаша Возел.

На трката која за прв пат се одржува во Охрид настапија 12 натпреварувачи од шест земји.