Спорт

Кошаркарите го пречекуваат Косово

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва од 20 :30 часот против селекцијата на Косово го игра решавачкиот натпревар за пласман во квалификациите за Светското првенство.

12.08.2017 16:09:12
По двата порази на стартот од претквалификациите избраниците на селекторот Јорданчо Давитков вечерва во ВИП арената Борис Трајковски мора да забележат победа, а за задржување на шансите за освојување на второто место во групата потребен ни е триумф од најмалку пет поени.