Спорт

Стартува новата сезона во ПМФЛ

Со натпревари што се играат од 17 часот се отвора новата сезона во фудбалскиот шампионат на Македонија.

12.08.2017 16:04:13
На стартот од новото првенство ќе се соочат двата најголеми ривали за шампионската титула Шкендија и Вардар, а мечот се игра на стадионот во Тетово.

Првиот натпревар во домашниот шампионат е и последна проверка на формата пред настапите на двата тима во квалификациите за пласман во фазата по групи во Лига Европа.

Од 17 часот на стадионот во Ѓорче Петров, Работнички ја пречекува Ренова.