Сцена

Пред успешната кариера живеела речиси на улица

Оскаровката Хали Бери призна дека еден дел од својот живот го минала како бездомник.

12.08.2017 13:31:49

 Оскаровката Хали Бери призна дека еден дел од својот живот го минала како бездомник. 

Поради тоа таа една година не разговарала со нејзината мајка, која не сакала да и позајми пари. 

- Денеска сум и благодарна за тоа, рече таа во интервју за „Пипл“. 

- Кога се преселив во Њујорк имав малку пари, кои ги заработив како модел. Ми ги снема за три месеци и повеќе немав од што да живеам, Ја повикав мајка ми, а таа не сакаше да ми позајми, вели Бери. 

- Подоцна сфатив дека ми ја даде најдобрата можна лекција: „Ако сакаш таму да живееш, заработи“, изјави таа. 

Актерката, потоа следните месеци живеела во засолниште за бездомници и работела како келнерка.