Свет

Едно лице загина, две се ранети во земјотрес во Перу

Едно лице загина, а две се ранети во лизгање на земјиште, предизвикано од земјотресот со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала во јужното крајбрежје на Перу.

12.08.2017 13:28:29

Едно лице загина, а две се ранети во лизгање на земјиште, предизвикано од земјотресот со интензитет од 5,6 степени според Рихтеровата скала во јужното крајбрежје на Перу, изјави гуврнерката на провинцијата Арекила, Јамила Осорио. 

Властите работат на расчистување на патиштата, затрупани од урнатите карпи, додаде таа. 

Според податоците на Геофизичкиот институт на САД епицентарот на земјотресот бил во Тихиот Океан, на 90 километри западно од градот Камана, во јужниот дел на земјата и на длабочина од 41 километар.