Свет

Во Гуам се делат летоци со упатства за реагирање при евентуален напад на Северна Кореј

Жителите на американската територија Гуам, доколку биде издадено предупредување за напад треба брзо да се скријат во бетонски објект.

12.08.2017 13:08:18
Жителите на американската територија Гуам, доколку биде издадено предупредување за напад треба брзо да се скријат во бетонски објект, по можност под земја и да останат таму се додека не добијат други инструкции.Ова е наведено во летоците насловени „Подготовка за потенцијалната ракетна закана“, а кои се делат од Службата за цивилна заштита, со цел да им помогне на жителите да се подготват за евентуалниот напад од Северна Кореја. Упатставата содржат совети за собирање пакет за итни случаи, за сместување во бетонски објекти или објекти од тули и напомена за задржување на присебноста. Северна Кореа соопшти дека 3,5 милиони работници,членови на партии и резервисти се доброволно пријавени во војска за борбата против САД.