Македонија

Договорот со Бугарија отвора можност за нови блокади кон ЕУ и НАТО

Професорот по меѓународно право Игор Јанев пак предупредува, пратениците на СДСМ треба убаво да размислат пред да излезат и вршат ратификација на овој меѓународен документ.

11.08.2017 16:09:42

 Ратификација на договорот за добрососедство со Бугарија ќе почека. Кога ќе биде на дневен ред зависи од тоа како ќе се договорат пратениците, потврдија собраниските служби за Алфа. 
Професорот по меѓународно право Игор Јанев пак предупредува, пратениците на СДСМ треба убаво да размислат пред да излезат и вршат ратификација на овој меѓународен документ. Според Јанев Договорот со Бугарија е ист како привремената спогодба со Грција од 1995 година, не води никаде и е уште една причина за блокада на Македонија во ЕУ и НАТО.

 Игор Јанев -професор по меѓународно право на Институтот за политички студии во Белград – Јас лично никогаш не би потпишал еден таков договор. Значи такви договори со сомнителен карактер и кои задираат во тие идентитетски работи , како што е јазикот, народот, јазикот како уставна категорија, а надвор од уставна категорија воопшто и не постои или небригата за малцинствата во Бугарија итн...Тие работи јас не би советувал да се прифатат и мислам дека и самите пратеници од СДСМ, треба добро да размислат пред да излезат да гласаат и да вршат ратификација во Парламентот. 

 Јанев вели дека ова е политика која не дава здрави алтернативи, а терминот Земи или Прифати во вид на договор под притисок, би бил само уште една причина за анулација или поништување на овој меѓународен договор.

 За тежината на договорот за добрососедство кој во иднина би можел да повлече меѓународни санкции за Македонија кажа и министерот за одбрана на Бугарија , Каракачанов. Тој соопшти дека договорот кој се случил поради храброста на Заев и ќе биде заверен во Обединетите нации, е договор меѓу две држави и кога една од двете држави нарушува некој меѓународен договор, има меѓународни последици. 

 Министерот за одбрана на Бугарија кој е познат и по многуте контроверзни изјави во кои не го признава македонскиот идентитет, за време на Илинден соопшти и дека нема зошто да се дели Гоце Делчев, затоа што е бугарин а Илинденското било најдоброто бугарско востание.
Красимир Каракачанов министер за одбрана на Р.Бугарија – Убав празник е денес Илинден. Во 1903 година избувнало најголемото и најдобро организираното бугарско востание , за време на 5вековното турско ропство.

 Во меѓувреме на 2 август премиерите Заев и Борисов заедно се поклонија на гробот на Гоце Делчев. Тогаш премиерот Заев потенцира дека треба да се помине минатото и сегашноста заради иднината на Македонија . 

 

Името

Од: МАНУ

Време: 28.10.2017 05:00:19

Коментар: Македонија е како полноправна членка на ООН, потребно е само просто мнозинство од државите членки од присутните да гласаат и ке имаме уставното име Р. Македонија во ООН!

Името

Од: МАНУ

Време: 28.10.2017 04:58:15

Коментар: Проблем со името всушност и не постои бидејќи државите не може да имаат спорови околу државните имиња.