Македонија

Македонија гори – активни 15-на пожари

На терен околу манастирот има околу 140 лица, што пожарникари што од месното население, кои се во приправност доколку пламенот повторно почне да зазема голем замав.

11.08.2017 15:45:12
Манастирскиот комплекс Трескавец и понатаму е во опасност од огнената стихија која веќе трет ден беснее на Пелагонија. Надлежните смируваат дека пожарот е ставен под контрола, но сепак високите температури утринава биле причина пожарот одненадеж да се обнови. На терен околу манастирот има околу 140 лица, што пожарникари што од месното население, кои се во приправност доколку пламенот повторно почне да зазема голем замав.

-Пожарот кај манастирот Трескавец е ставен под контрола и нема опасност за манастирскиот комплекс, вели Надица Вчкова портпарол на ЦУК

Освен кај манастирот, во прилепско се активни уште неколку пожари, гори и во околината на Тетово, Македонски Брод, велешко, Кавадарци. Над десетина активни пожари и уште толку за кои надлежните велат дека ги држат под контрола. На местата зафатени од пожар, гори главно ниско стеблеста шума, сува трева, смрека и даб. Освен со човечка сила за гаснење на пожар ангажиран е и еден хеликоптер на армијата. 



Катерина Гетева