Македонија

Туристичките работници во Охрид размислуваат како да ги задржат туристите и вон сезона

Туризмолозите се фатија за работа, изготвуваат атрактивни туристички производи кои што ќе им бидат понудени на гостите, а основна цел е проширување на сезоната во текот на целата година.

10.08.2017 17:18:19
Туризмолозите се фатија за работа, изготвуваат атрактивни туристички производи кои што ќе им бидат понудени на гостите, а основна цел е проширување на сезоната во текот на целата година. Охрид има многу долга традиција во туризмот, но еден од проблемите е тоа што туристите доаѓаат само сезонски, а не во текот на целата година.

Во тој контекст потребно е да се направи селективност и да се види кои видови на туризам се веќе надминати, а на кои видови туризам во иднина да се стави акцент,за да се надминат големите разлики во сезонската посетеност на Охрид-потенцираат домашните туристички експерти.

-Селективноста во својата природа подразбира да ние ја растовариме туристичката дестинација, да таа биде малку по флексибилна.Никој верувајте во светот нема да ви се сложи дека масовниот туризам сака да го уништи. -Изјава проф.др. Науме Мариноски-Ф.Т.У.

На гостите кои подолго време престојуваат во Охрид треба да им се понуди нешто што не го виделе,бидејќи колку подолго остануваат луѓето веќе се заситени од повторување на исти активности. Тука ,не станува збор за разликување на масовен од елитен туризам, бидејќи сите тие луѓе доаѓаат од истите причини.

- Иако ние мислевме дека најатрактивен фактор е Охридското езеро и околината, се воспостави дека самото културно наследство е поголема атракција отколку Охридското езеро и тоа е добро.Културното наследство може да биде презентирано и надвор од туристичката сезона,на истиот начин како што би можело да биде и во главната туристичка сезона.- Изјава проф.др.Цветко Андреевски-Декан на Ф.Т.У .

Македонскиот туристички бисер Охрид ги има сите предиспозиции за успех,но единствениот начин за освојување на нови пазари е проширување на понудата,преку креирање на нови туристички производи. Тоа ќе го унапреди туризмот,бидејќи добрите препораки од оние кои што веќе биле во Охрид, се најдобар начин да привлечеме што поголем број странци. 


Росица Голабоска

 

DZABE BARAAT

Од: CVETAN

Време: 10.08.2017 18:04:13

Коментар: Turistickite rabotnici dzabe se izmacuvaat so planovi koga sindromot zbogati se ekspresno, po sekoja cena i od prviot sto go gledas a ne zboruva ohridski ne pali kaj normalniot um!!!Lekot e daj drugi turisticki rabotnici