Спорт

На Светското првенство во атлетика три финални дисциплини

На Светскиот шампионат во атлетика која се одржува во Лондон денеска ќе се доделат медалите во три дисциплини.

10.08.2017 13:27:53
Во машка конкуренција атлетичарите ќе се натпреваруваат за златниот медал во три скок и на трката на 200 метри додека во женска на распоредот е финалето на 400 метри со пречки. 

Соединетите Американски Држави се најуспешната нација досега на шампионатот со освоени 15 медали од кои 4 златни, по кои следува Кенија со 7 медали и три злата.