Спорт

Мареј го пропушта турнирот во Синсинати

Светскиот рекет број 1, Енди Мареј потврди дека нема да настапува на Мастерсот во Синсинати, што може да го чини и првата позиција на АТП листата.

10.08.2017 13:28:44
Одлуката на Мареј е поради повредата на клокот која се надева дека комплетно ќе биде санирана до почетокот на УС Опен.

Тенисерот од Велика Британија со тоа може да го загуби лидерското место во рангирањето доколку Рафаел Надал успее да стигне до полуфиналето на турнирот во Монтреал.