Спорт

Ливерпул ги одби и 100 милиони за Кутињо

Ливерпул ја одбил и втората понуда од Барселона за ангажман на Филипе Кутињо.

10.08.2017 13:25:46
Упорноста не даде резултат за Каталонците кои откако по само 45 минути беа одбиени со првата понуда од 80 милиони овој пат добија негативен одговор и за понудата од 100 милиони евра.

Како што пренесуваат англиските медиуми Кутињо сака да му се приклучи на Шпанскиот состав но Ливерпул нема намера да се раздели од фудбалерот кој во јануари со нив потпиша нова пет годишна соработка.