Спорт

Кошаркарите до 16 години против Грузија

Македонската кошаркарска репрезентација до 16 години денеска го започнува настапот на Европскиот шампионат Б дивизија кој се одржува во Бугарија.

10.08.2017 13:25:08
Континенталниот собир за младите кошаркари започнува со средбата со Грузија која се игра од 17 часот и 15 минути.

Нашата селекција е во групата Д заедно со составите на Велика Британија, Луксембург, Грузија, Португалија и Косово.