Спорт

Нов пад на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од едно место на последното рангирање на Светската фудбалска асоцијација и сега е на 135-тата позиција.

10.08.2017 13:24:23
Падот се должи пред се поради одморот на репрезентативно ниво и со истиот се најдовме меѓу Виетнам кој е 134 и Луксембург кој е на 136-тото место.

Што се однесува до нашите противници во квалификациите за пласман на Светскиот шампионат Лихтенштајн е 190-ти, Шпанија е 11, Италија позиција подолу, Албанија е 63-та и Израел 70-ти. 

Во ранкингот на најдобрите десет селекции во светот, Бразил е одново на врвот на сметка на Германија, Аргентина останува трета по која следуваат Швајцарија, Полска, Португалија, Чиле, Колумбија, Белгија и Франција.