Балкан

Пожар на грчкиот остров Кеа

На грчкиот остров Кеа синоќа избувна пожар, кој претпладнево е ставен под контрола, пред да зафати населени области.

10.08.2017 12:24:46

На грчкиот остров Кеа синоќа избувна пожар, кој претпладнево е ставен под контрола, пред да зафати населени области, соопштија локалните власти.

Противпожарни бригади се уште гаснат жаришта на пожарот и се очекува да останат на терен извесно време.

Пожарот почнал во близина на Вуркари, мало рибарско село на северозападниот брег на островот, синоќа околу 22 часот. Пламените брзо се рашириле поради жешките летни ветрови.