Црна хроника

Експлозија во стан во Охрид - повредено 1 лице

За влакно избегната трагедија во охридската населба Даљан, во експлозија на 3-литарска плинска боца, повредено е едно лице на 67 годишна возраст.

09.08.2017 17:52:53
За влакно избегната трагедија во охридската населба Даљан, во експлозија на 3-литарска плинска боца, повредено е едно лице на 67 годишна возраст. 

Среќа во несреќа-велат членовите на семејството е што во моментот кога експлодирала боцата, во станот покрај полесно повреденото лице, не беше целото семејството меѓу кои едно 10 годишно дете и 11 месечно бебе. Тие денес го расчистуваа целосно уништениот стан во кој што беа искрешни сите прозорци, ослободувајќи се од изгорената покуќнина,неупотребливите апарати за домаќинство и бела техника.

Настанот се случил околу 22.30 мин ,кога по експлозијата во трпезаријата,во станот вивнал пламен,а потоа пожар ја зафатил покуќнината и почнал силно да се шири низ собите.

АНКЕТА -( 1.Страшна експлозија беше,ми се чинеше дека е бомба.Полно луѓе мислеа дека е земјотрес побегаа, беше страшно.И после некое време пожарна дојде ,викаа оган,оган, дојде и брза помош луѓе се собраа,после за расчисти; 2. Одеднаш се слушна експлозија, нешто јако пукна јас дури му реков на мажот ми и на ќерка ми со мајка болна, викам нешто се случи а мажот ми вика ти си паничарка.Но после слушнавме коли брза помош, полиција , пожарна)

Пожарот е изгаснат со брза интервенција на противпожарната единица од Охрид.Но од експлозијата и пожарот покрај станот, оштетени биле и 7 возила паркирани во близина на зградата, со што е причинета голема материјална штета.  

Плинските боци често се употребуваат во домаќинствата. 

АНКЕТА - (1.Сметам дека се опасни, но треба да се внимава да не туши, се осеќа ако намириса.Еднаш ми се случи така и јас одма ја зедов и на бензинска ја вратив назад и тушеше; 2. Тоа не користам за мене вечито е бомба во куќа,може оние мали за кафе привремено иначе, не )

Стручните лица алармираат,оние кои користат плински боци да внимаваат на миризбата на плин. Невнимателните граѓани-велат ги прекршуваат правилата уште при самото купување на плинските боци кога наместо соодветни служби, транспортот го вршат самите.


Росица Голабоска