Црна хроника

Тешко повредени двајца работници на автопатот Кичево - Охрид

Двајца работници во градежното претпријатие „Гранит“, се тешко повредени при скокање од дигалка што ја управувале.

09.08.2017 16:05:16

И.М. (41) од село Митрашинци, Беровско, и М.С. (61) од Делчево, двајцата работници во градежното претпријатие „Гранит“, се тешко повредени при скокање од дигалка што ја управувале.

Според МВР, И.М.  и М.С. работеле на автопатот Кичево - Охрид, во атарот на село Пополжани. Во еден момент, при кревање кран, дигалката изгубила рамнотежа и се превртела поради што тие скокнале од работната кабина при што здобиле скршеници на рацете и нозете. 

Поради сериозноста на повредите, по укажаната лекарска помош работниците се префрлени во Болницата Св. Еразмо.

Увид на местото изврши екипа од Полициска станица Кичево.