Балкан

Пожарот на Брач се шири со голема брзина, ангажирани сите пожарникарски служби

Пожарот на хрватскиот остров Брач, меѓу Нережишќа и Доњи Хумац, што изби денеска претпладне, се шири со голема брзина.

09.08.2017 15:26:07
Пожарот на хрватскиот остров Брач, меѓу Нережишќа и Доњи Хумац, што изби денеска претпладне, се шири со голема брзина, а за неговото гаснење се ангажирани островските пожарникарски служби, како и два канадери, соопшти Пожарникарскиот оперативен центар на Сплит. 

За сега од огнената стихија не се загрозени населението и станбените објекти, јави Хина. 

Хрватското Министерство за одбрана соопшти дека од изутрина се ангажирани воздухопловните сили за гаснење на уште два пожари што избија во Грачац.