Балкан

Силна експлозија во Подгорица

Експлозивна направа со силна разорна моќ одекна утрово околу три часот во бизнис зграда во Подгорица.

09.08.2017 14:24:19
                Експлозивна направа со силна разорна моќ одекна утрово околу три часот во бизнис зграда во Подгорица. Во експлозијата нема жртви, но е причинета голема материјална штета. Од силната експлозија искршени се стакла на околни згради и оштетни се неколку автомобили. Според медиумите станува збор за рачно изработена бомба која била фрлена од едно или повеќе лица. Експлозијата, која се слушнала и во поодалечените населби на Подгорица, предизвикала паника меѓу населението. Во тек е увид на местото на настанот од страна на тимови на црногорската полиција.