Економија

Агенцијата „Фич“ го потврдува постојниот кредитен рејтинг на Македонија ББ со негативен изглед

Aгенцијата „Фич” соопшти дека го потврдува постојниот кредитен рејтинг на Македонија ББ, со негативен изглед, соопшти денеска Министерството за финансии .

05.08.2017 21:30:46
Aгенцијата „Фич” соопшти дека го потврдува постојниот кредитен рејтинг на Македонија ББ, со негативен изглед, соопшти денеска Министерството за финансии .

Според Министерството, на потврдата на рејтингот влијаеа кредибилната, монетарна и макропрудентна политика, кои овозможија долготрајна стабилност на девизниот курс, ниска инфлација и стабилен економски раст. 

„Економскиот раст за 2017 година е ревидиран на 2,3 отсто, но се оценува дека формирањето на Владата ќе резултира со подобрување на економските очекувања и активност и следствено ќе овозможи просечен раст од 3,2 отсто во 2018-2019 година. Иако буџетскиот дефицит ќе го зголеми притисокот врз веќе растечкиот тренд на државниот долг, со 39,9 проценти во 2017 година тој е проектиран значително под просекот на 49,5 отсто од БДП на земјите со сличен кредитен рејтинг, наведува министерството.