Економија

Поголема финансиска поддршка за вработување на лица со хендикеп

Квотен систем за вработување на лица со посебни потреби, односно на секои 100 вработени, во една фирма да работат барем 3 лица со хендикеп – бараат од Стопанската Комора. Преку посебен фонд треба да се овозможи тие да се вработуваат во Заштитни друшт

31.07.2017 13:46:31
 Квотен систем за вработување на лица со посебни потреби, односно на секои 100 вработени, во една фирма да работат барем 3 лица со хендикеп – бараат од Стопанската Комора. Преку посебен фонд треба да се овозможи тие да се вработуваат во Заштитни друштва, но и поголема контрола во трошењето на парите кои се издвојуваат за нив. Фирмите бараат и поголема финансиска поддршка за да ангажираат  лица со хендикеп кои очекувано имаат полоша стартна позиција за вработување. За тоа да се случи неопходни се законски измени кои стопанствениците ги чекаат 3 години.

- Лицата со хендикеп се уште најмногу се вработуваат во мануфактурните дејности и се на некој начин дискриминирани во однос на образованието. Сакаме да го зголемиме нивниот број во приватниот сектор, но фокусирани сме и на јавните институции. Притоа, сакаме да ја потенцираме и потребата од нивно квалитетно образование како клучна за достоинствено вработување, истакна  Томислав Ортаковски, програмски раководител во Полио Плус.

Во моментов над 2.000 инвалидизирани лица се вработени преку заштитните организации, но бројката во јавниот и приватниот сектор е многу помала и покрај финансиската поддршка. Овие луѓе најчесто работат на пониско платени позиции, кои најчесто бараат физичка сила, а не високо образование. Веќе 17 години, Владата обезбедува неповратна помош за вработување лица со хендикеп, техничка помош, како посебен софтвер и рампи за пристап на работното место, како и до 200 просечни плати за обезбедување опрема за инвалидизираните лица.

Тања Попова