Црна хроника

6 Авганистанци фатени пред полициската станица Сопот

Вчера во 12:10 часот во непосредна близина на ПС Сопот, полициски службеници забележале група од шест мигранти (жени и деца ) како се движат во правец кон полициската станица. Со лицата бил извршен разговор и било утврдено дека се работи за авганист

30.07.2017 12:44:07
 Вчера во 12:10 часот во непосредна близина  на ПС Сопот, полициски службеници забележале група од шест мигранти (жени и деца ) како се движат во правец кон полициската станица. Со лицата бил извршен разговор и било утврдено дека се работи за авганистански државјани. Тие изјавиле дека со патничко возило „БМВ“ биле донесени на непознато место и дека за превозот требале да платат по  1.300 евра по лице. За пронајдените мигранти бил известен надлежен инспектор од СВР Куманово. Авганистанските државјани се сместени во Прифатниот центар Табановце за понатамошна постапка.